понеделник, 18 октомври, 2021

(ВИДЕО) БИЗАРНО: ЖИВ ЗАКОПАН 6 СААТИ САМО ЗАРАДИ СЛАВА И ЛАЈКОВИ

Турскиот јутјубер Мухамед Бахчечик им ветил на своите следбеници дека ќе биде закопан жив доколку едно од неговите видеа надмине одреден број кликови и лајкови.

Бидејќи целната снимка успеала да ја постигне целта, Мухамед „морал“ да го исполни ветувањето и во врска со тоа, ангажирал гробари и возач на багер да му припремат се.

Влегол во специјално дизајниран стаклен ковчег „опремен“ со уреди за следење на виталните знаци, како и кислород, радио комуникација и камери, а потоа се согласил да биде закопан шест часа.

-Научив колку е убав животот. Во моментот кога влегов во ковчегот, помислив на сите луѓе што ги сакам, кои ги сакав и кои починаа. Чувствував дека и тие се тука. Многу сум среќен што сега можам полесно да дишам – рекол Мухамед.

Иако и ова видео доби многу кликови и лајкови, многумина му замерија на Турчинот што го ризикува своето здравје и сопствениот живот заради популарноста.

Видеото погледнете го ОВДЕ.



Извоер: vesnik.com

Коментари

коментари

error: Content is protected !!