среда, 1 декември, 2021

Моторциклист се здобил со тешки телесни повреди откако излетал од коловозот

На 03.09.2021 во 13:51 часот било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица -Делчево, во атар на село Илиово, моторцикл „кавасаки ЗХ-10Р” со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(46) од Скопје, излетал надвор од коловозот.

Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза”.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Делчево.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!