понеделник, 18 октомври, 2021

Жоргињо изберен за најдобар играч на УЕФА, Тухел е најдобар тренер

На денешната церемонија на УЕФА, покрај ждрепката во Лигата на шампионите, беа доделени и награди за најдобриот играч во Европа, како и за најдобриот тренер на машките и женските тимови.

Жоргињо е прогласен за најдобар играч во Европа минатата сезона, освојувајќи го ЛШ со Челзи и Еврото со Италија, и Алексија Путелас, капитенката на Барселона, за фудбалерки.

Тренер на сезоната е Томас Тухел од Челзи , а најдобар тренер на женските репрезентации е Луис Кортес, кој ја освои Лигата на шампионите со Барселона, исто како и Тухел со Челзи.

Најдобар голман: Едуард Менди (Челзи, Сенегал) / Сандра Панос (Барселона, Шпанија)

Најдобар дефанзивен играч: Рубен Диас (Манчестер Сити, Португалија) / Ирена Паредес (ПСЖ, Шпанија)

Најдобар играч за врска: Н’Голо Канте (Челзи, Франција) / Алексија Путелас (Барселона, Шпанија)

Најдобар напаѓач: Ерлинг Халанд (Дортмунд, Норвешка) / Џенифер Хермосо (Барселона, Шпанија).

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!