среда, 1 декември, 2021

ТАЖНА ВЕСТ: Почина познат македонски доктор и професор

Денеска во 93-тата година од животот, по кратко боледување, почина проф. д-р. Јордан Јовев, редовен професор по психијатрија и неврологија на Медицинскиот факултет во Скопје и Професор на постдипломските студии на Универзитетот во Загреб.

Тој е еден од доајените на македонската психијатрија и основоположник на социјалната психијатрија и лекувањето на болестите на зависност во нашата земја.

Професор Јовев во текот на својата многугодишна кариера извршувал низа високи стручни и раководни функции во Македонија, поранешна Југославија, како и меѓународни експертски функции во странство и формирал повеќе стручни институции и служби.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!