среда, 1 декември, 2021

КАКО ОД ФИЛМ: Спектакуларно бегство од затвор во Македонија-

Спектакуларно бегство од прилепскиот затвор вчера извршил 36 годишен затвореник од Гостивар осуден на 20 години ст-рог затвор поради извршени тешки краж-би.

Бегството не е забележано ниту од безбедносните камери ниту од затворската полиција. Според првичните информации кои денеска треба да бидат потврдени и од надлежните институции во текот на вчерашниот ден околу пладне затвореникот имал посета од неговата мајка и неговата сопруга.

Во текот на посетата без никој да го забележи избегал од затворот а во посебните простории за средби со најблиските останале само двете жени.

Oткако завршило времето за посета затворските полицајци забележале дека осуденикот го нема.Аламирана е затворската управа и полицијата.

Започната е потрага по затвореникот која на полноќ е прекината а денеска продолжува.Неговата сопруга и неговата мајка веднаш се приведени во полициската станица во Прилеп на информативен разговор.

Според неофицијалните информации вакво бегството не е можно без надворешна а можеби и внатрешна подршка.Тоа ќе треба да го потврди истрагата.

Најавени се и дисциплински мерки против дежурните затворски полицајци кои биле задолжени безбедно да ја реализираат посетата и да го вратат затвореникот во затворениот дел од затворот.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!