СЗО: „Делта“ сојот на Ковид- 19 НАЈМНОГУ ЦИРКУЛИРА во области каде има ПОМАЛКУ вакцинирани

Циркулацијата на делта варијантата на коронавирус во области со ниска вакцинација го поттикнува ширењето на Ковид-19 низ целиот свет, соопштија денеска претставници на Светската здравствена организација.

-Во многу места во светот каде што има се повеќе заразени со делта варијантата на коронавирус, дури и во земји кои имаат високо ниво на вакцинација на национално ниво, делта сојот навистина

циркулира и се шири во области со мала покриеност со вакцини, и постои многу ограничена и неконзистентна имплементација на јавните здравствени и социјални мерки, изјави епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхове на онлајн прес -конференција.

Според главниот научник на СЗО, Сума Сваминатан, „вакцините без сомнение спречуваат зголемување на бројот на тешки и смртни случаи како последица на делта варијантата на коронавирусот“.

Таа рече дека податоците во моментов не упатуваат дека е неопходно довакцинирање против Ковид-19. СЗО смета дека најранливите луѓе насекаде во светот треба прво целосно да се вакцинираат, а дури потоа во богатите земји треба да се започне со довакцинација на граѓаните.

Извор: info.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!