понеделник, 18 октомври, 2021

УЕФА ги објави номинациите за најдобри фудбалери во Лигата на шампионите

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска ги објави номинациите за најдобрите играчи по позиција во Лигата на шампионите минатата сезона, а доминираат фудбалерите од шампионот Челзи и финалистите Манчестер Сити со пет, односно три номинации.

За најдобар голман се номинирани Едуард Менди од Челзи, Едерсон од Манчестер Сити и Тибо Куртоа од Реал Мадрид.

Во конкуренција за најдобар дефанзивен играч се двајца играчи од Челзи, Сезар Аспиликуета и Антонио Рудигер и еден од Сити, Рубен Диас.

Двајца играчи на Челзи, Џоргињо и Н’Голо Канте, исто така се натпреваруваат за најдобар играч од средниот ред, а конкуренција им е играчот на Сити, Кевин Де Брујн.

Сепак, во конкуренција за најдобар напаѓач нема играчи на Челзи и Сити, тука се Роберт Левандовски од Баерн, Килијан Мбапе од Париз СЖ и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Добитниците на наградите ќе бидат објавени за време на ждрепката за групи во Лигата на шампионите, што ќе се одржи на 26 август во Истанбул.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!