понеделник, 18 октомври, 2021

СЗО формира НОВ ТИМ за истрагата за ПОТЕКЛОТО на коронавирусот

Светската здравствена органазиција соопшти дека од витално значење за светот е да се дознае како почна пандемијата на Ковид-19, како пример за одредување на потеклото на сите идни слични вируси.

СЗО соопшти дека формирала нов истражувачки тим за потеклото на коронавирусот и пандемијата на Ковид-19, по критиките на кинеските власти дека истрагата е политизирана.

„По објавувањето на заедничкиот извештај на СЗО-Кина за првата фаза од истрагата за потеклото на вирусот САРС-КоВ-2 во март 2021 година, СЗО ја претстави следната серија студии и продолжува да разговара за чекорите со земјите-членки и експерти“, се наведува во соопштението.

СЗО, меѓутоа, соопшти дека Кина и некои други земји сугерирале дека студијата во март била политизирана или дека СЗО дејствува под политички притисок.

Шефот на СЗО, Тедрос Гебрејсус, кон средината на јули кажа дека очекува поддршка од Кина за следната фаза од научниот процес за да се идентификува потеклото на САРС-КоВ-2.

САД, кои целосно се ангажираа со СЗО откако поранешниот претседател Доналд Трамп ја прекина таа соработка, исто така го критикуваа извештајот од првата студија, повикувајќи на дополнителни истраги.

„За да се продолжи напред, СЗО ги повикува сите влади да ја деполитизираат ситуацијата и да работат заедно за да ги забрзаат студиите за потеклото на вирусот, и важно е тие да работат заедно за да развијат заедничка рамка за идните нови патогени на пандемски потенцијал“. рече СЗО.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!