среда, 1 декември, 2021

Дали би ја потпишале ОВАА ИЗЈАВА доколку НЕ САКАТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ – АСМЛ со прашање до граѓаните, ВИЕ ШТО МИСЛИТЕ

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари објави фејсбук статус со кој ги прашуваат граѓаните дали би ја потпишале оваа изјава доколку не сакаат да се вакцинираат.

Во последните денови, по најавените нови мерки од страна на Владата, кои ќе стапат на сила од 16ти август, за влез во угостителски објекти, како и на културни и спортски настани, работилници и семинари, ќе се бара потврда за примена вакцина, јавноста е поделена и со категорично различни ставови.

Додека едни се за вакцинација и бараат што побрзо да се имунизира населението за да се заштити јавното здравје, друга група на граѓани се против новите мерки на Владата и одбиваат да се вакцинираат.

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, се обрати до оваа група на граѓани, со прашање, доколку не сакате да се вакцинирате дали би ја потпишале оваа изјава?

Предлог изјава што може да ја потпишуваат оние што не сакаат да се вакцинираат ( или да носат маски или што и да изјавуваат) :

„Јас, ____________, под целосна морална и кривична одговорност, се согласувам да одговарам кривично за сите што ќе се заразат од коронавирусот од мене и се согласувам да ги платам нивните сметки за болничко лекување, како и да обезбедам соодветна финансиска компензација за нивното семејство за периодот додека се болни – вклучувајќи ги и состојбите на т.н. „долг ковид“.“

Вие што мислите? – стои во фејсбук статусот на АСМЛ.

Во понеделникот, првиот ден по најавата на новите мерки од Владата, бројот на граѓани што одлучија да се вакцинираат нагло се зголеми.

Од Владата апелираат до сите граѓани, што поскоро да се имунизираат затоа што не очекува нов бран предизвикан од Делта сојот на коронавирусот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!