понеделник, 15 август, 2022

Компанијата Бионтек за СТО ПАТИ ги зголеми приходите од ВАКЦИНИТЕ против КОВИД-19: Еве која е вкупната вредност

Германската компанија за биотехнологија BioNTech соопштила дека нејзините приходи се удвоиле во вториот квартал благодарение на продажбата на вакцината „Ковид-19“, предвидувајќи дека ќе достигне 15,9 милијарди евра за целата година.

Во вториот квартал, приходите на германската компанија, која ја развила вакцината во соработка со американскиот Фајзер, скокнале на 5,31 милијарди евра. Во истиот период минатата година изнесувале 41,7 милиони евра.

Нето добивката изнесува 2,79 милијарди евра во периодот од април до јуни. Вториот квартал минатата година компанијата го завршил со загуба од 88,3 милиони евра.

Тие наведуваат дека заедно со Фајзер, до 21 јули оваа година, тие доставиле повеќе од милијарда дози вакцина во повеќе од 100 земји и територии низ светот и потпишале договори за испорака на приближно 2,2 милијарди дози.

Тие очекуваат дека до крајот на оваа година, нивниот годишен капацитет за производство на вакцините ќе достигне три милијарди дози, а во 2022 година треба да се прошири до четири милијарди дози.

Тие проценуваат дека во фискалната 2021 година, по испораката на тековно договорените 2,2 милијарди дози вакцини, нивниот приход ќе изнесува 15,9 милијарди евра.

Pfizer ја зголемил проценката за својот удел во годинешниот приход од продажбата на вакцини на 33,5 милијарди долари кон крајот на минатиот месец.

„За борбата против пандемијата што се уште не е завршена, ние го зголемуваме снабдувањето со нашата вакцина за Ковид-19 во повеќе од 100 земји и територии низ целиот свет и го олеснуваме пристапот до земјите со низок и среден приход“, рече ко-основачот и извршниот директор Угур Сахин.

Компанијата, исто така, посочува дека се спроведуваат дополнителни клинички испитувања за да се добијат дозволи за вакцините во уште поширок спектар на земји и во дополнителни групи на население, вклучително и деца на возраст од шест месеци до 11 години и здрави бремени жени.

Тие додаваат дека, „иако третата доза на БНТ 162б2 има потенцијал да го зачува највисокото ниво на ефективна заштита од сите варијанти, вклучително и делта, се развива и планира клинички да се тестира подобрена верзија на вакцината насочена кон протеинот на шилецот на вирусот.

Клиничкото испитување треба да започне до крајот на месецот, под услов да се добијат потребните регулаторни овластувања, се вели во соопштението.

Извор: Канал 5

Коментари

коментари

error: Content is protected !!