понеделник, 18 октомври, 2021

Премиерот Зоран Заев го ПРЕКИНА ОДМОРОТ по реакциите во јавноста дека не е во државата

Премиерот Зоран Заев го прекина одморот по реакциите во јавноста дека не е во државата, во време кога државата се соочува со големи пожари со кои тешко се справува и е прогласена кризна состојба. Тој според владината прес служба требаше да е на одмор до 12 август.

Над селото Будимирци Беровско средба и увид на терен извршија заедно со директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и со силите ангажирани за гаснење пожари од локалните самоуправи од земјава и од Австрија. Беровско Будинарци е уште едно од македонските

населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината.

Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар, соопшти премиерот Зоран Заев. „Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а

пристигна од Србија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија. Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност“, додаде тој.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!