СКАНДАЛ: Oткриен како ПОТПАЛУВА ПОЖАРИ се обидел да ИЗБЕГА, но полицијата го ФАТИЛА

Радовишанец е приведен поради потпалување пожари. 

За настанатите пожари во селата Погулево и Дамјан, полицајци од Одделението за внатрешни работи Радовиш го привеле И.О. од село Тополница.

„И.О. откако ги забележал полициските службеници се обидел да избега, но бил фатен, приведен и се работи на расчистување на случајот. Инаку, на подрачјето на ОВР Радовиш на неколку метри оддалеченост настанаа три пожари, од кои оној во с.Погулево е изгаснат, кај с.Парналија и Супурге е локализиран, а на влезот од с.Дамјан се преземаат мерки за негово гасење“, велат од полицијата.

Откако избија пожарите во Македонија, полицијата приведе неколку лица за подметнување.

Полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен вчера го лишија од слобода К.С. од с.Лева Река, ресенско поради постоење основи на сомнение дека го предизвика пожарот во Лева Река.

Претходно е лишен од слобода и Л.А. (32) од Р.Албанија, со илегален престој во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварското село Пожаране. И за пожарите во Старо Нагоричане има осомничени.

Извор: Канал 5

Коментари

коментари

error: Content is protected !!