среда, 22 септември, 2021

Николовски сподели убава вест: Владата ЌЕ ДОДЕЛИ НАГРАДИ ОД 10.000 ДЕНАРИ за сите вклучени пожарникари во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, преку фејсбук статус ги информираше граѓаните за една од одлуките донесени на денешната седница на Владата, која се однесува на финансиска помош и награда за пожарникарите кои несебично се вклучија во гаснење на пожарите.

Имено тој во својот фејсбук статус сподели:

Владата на денешната седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината.

Наградата од 10.000 денари е во знак на благодарност за демонстрираната храброст, професионалност и пожртвуваност во мисијата да се спасат животи и да се зачуваат природните ресурси на татковината.

Нивната пожртвуваност и професионалност нема да останат заборавени.

Уште еднаш сакам да изразам благодарност кон сите професионалци, волонтери, граѓани и институции кои несебично учествуваа во безмилосната борба со огнот и да порачам дека мораме да останеме тука едни за други секогаш кога е потребно – напиша Николовски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!