понеделник, 18 октомври, 2021

ГЕСТ ЗА ПОЗДРАВУВАЊЕ: “Премијата ЦЕЛОСНО треба да му ПРИПАДНЕ НА ОЛИМПИСКИОТ ВИЦЕШАМПИОН“- Тренерите на Дејан Георгиевски се откажаа од државната парична награда

Тренерот на македонскиот сребрен олимпиец Дејан Георгивевски, Дарко Костовски, на социјалните мрежи соопшти дека тој и неговиот брат како тренери се откажуваат од 10-те илјади евра, кои државата им ги додели за големи успех во Токио.

„Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од

премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост!“– напиша Костовски на Фејсбук.

Инаку, претходно, Владата донесе одлука на Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари.

Георгиевски ќе биде награден и со дополнителни 600.000,00 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!