понеделник, 25 октомври, 2021

ДЕМНЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТАНУВА КРИВИЧНО ДЕЛО, измените на кривичниот законик поминаа на Влада

Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници и жените се издигнува на многу повисоко ниво.

Според министерот, овие измени ќе придонесат за намалување на случаите за на-па-ди и за-ка-ни кон новинари.

„Во иднина нападот врз медиумските работници ќе се третира исто како на-пад врз службено лице. Воведуваме строги казни за з-ак-ана за напад врз новинари“ , кажа Маричиќ.

„Дополнително, во иднина Обвинителството ќе постапува по службена должност при вакви случаи. Ова беше едно големо барање на Здруженијата на новинари, чиј претставници активно учествуваа во Работната група која ги подготвуваше измените на Кривичниот законик“, дополни Маричиќ.

Дополнително, преку имплементација на Истанбулската конвенција, законски се допрецизира заштитата на жените и се внесуваат нови кривични дела кои досега кај нас не постоеле, а со нив законски се штитат жените од возн-емир-ување и н-ап-ади.

„Со новото дело „Демнење“ предвидуваме строги санкции за вознемирување и преку интернет, нешто што за жал се случува сè почесто. Сега тој што неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друго лице, или со него воспоставува или се обидува да воспостави несакан контакт, со

движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со зло-употр-еба на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање и други средства за комуникација, или на друг начин пси-хички го зло-став-ува, вознемирува или зас-тр-ашу-ва, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“, потенцираше Маричиќ.

Министерот на прес-конференцијата објави и измени на повеќе закони, меѓу кои и на Законот за граѓанска одговорност, со кој значително се намалува висината на казните кои медиумите и новинарите би ја платиле како оштета за клевета и нав-реда. Од максимални 2.000 евра, со измените оваа сум се спушта до максимални 400 евра.

Извор: vlada.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!