среда, 22 септември, 2021

Авион ПРИНУДНО СЛЕТА откако УДРИЛ во ПТИЦА – Во него патувале високи воени претставници и министерот за одбрана на Турција

Авион со кој се превезувал турскиот министер за одбрана и други високи воени претставници денеска принудно слета откако удри во птица.

Авион на турското воено воздухопловство ги превезуваше министерот за одбрана Хулуси Акар, началникот на ГШ Јашар Гулер и командантот на копнените сили Умит Дундар, кои се враќаа во Анкара по посетата на воената база Газиантеп, недалеку од границата со Сирија.

Авионот удрил во птицата непосредно по полетувањето, што го принудило да изврши принудно слетување на аеродромот во блиската воена база недалеку од градот Адана.

При принудното слетување никој не е повреден, а авионот претрпел мала штета.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!