среда, 22 септември, 2021

Поплавата носеше СЕ ПРЕД СЕБЕ: Силно НЕВРЕМЕ повторно ја погоди Белгија

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица.

Возилата во градот Динан беа однесени од поплава, блокирајќи го железничкиот премин, објави новинската агенција Белга во саботата вечерта, повикувајќи се на железничката компанија Инфрабел.

Железничкиот сообраќај беше блокиран на почетокот на овој месец поради поплавување.

Поплави има и во градот Намур. Тука се сруши на ѕид врз тротоар во близина на казино, и неколку куќи мораа да бидат евакуирани.

Погодени се и други градови низ Белгија.

Пријавени се свлечишта во провинцијата Валон Брабант, а во провинцијата Антверпен на северот на земјата, спасувачките служби добиле повеќе повици за помош.

Во тој регион, куќите беа поплавени, а едно домаќинство беше погодено од гром.

Засега не се достапни информации околу евентуални смртни случаи или повредени.

До петокот, Белгија забележа 36 смртни случаи како резултат на претходните поплави, а седум лица сè уште се водат за исчезнати.

На социјалните мрежи се шират снимки од поројни улици, кои потсетуваат на сцените пред десетина дена.

Портпаролката на центарот за кризи, Антоан Исе, рече дека ситуацијата на никаков начин не може да се спореди со поплавите на 14 и 15 јули, бидејќи врнежите од саботата не предизвикаа излевања на реките.

Сепак, материјалната штета е голема затоа што се поплавени подрумите, становите и возилата.

Извор: centar.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!