среда, 22 септември, 2021

Две сообраќајни незгоди за два часа – повредени двајца мотоциклисти

Во рок од неколку часа две сообраќајни несреќи на две различни места во Битола во кои две лица биле повредени откако паднале со мотоцикл на коловозот.

Првата несреќа се случила во 18.55 часот, во СВР Битола било

пријавено дека на ул.„Булевар Први Мај“ во Битола, Г.К.(19) од Битола, управувајќи мотоцикл „јијинг“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Втората се случила два часа подоцнА, на патот Битола- Прилеп.

Во 20.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-  Прилеп, кај тунелот во Битола, Ј.Л.(51) од Охрид, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот. 

Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Извор: press24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!