понеделник, 26 јули, 2021

ЗАГРИЖУВАЧКА ИЗЈАВА: Над 100.000 луѓе ќе починат од Ковид-19 ширум светот до крајот на Олимписките игри

Шефот на СЗО Тедрос Гебрејесус на состанокот на Меѓународниот олимписки комитет во Токио изјавил дека „пандемијата е тест на кој светот паѓа“.

Предупредил дека секој кој мисли дека пандемијата е завршена поради тоа што случаите на новозаразени се под контрола во нивните земји, живее во „рајот на буд-алите“.

Шефот на СЗО изјавил и дека „застрашувачка неправда“ е тоа што 75 отсто од вакцините досега се испорачани ширум светот во само 10 земји.

„Повеќе од четири милиони луѓе починаа и уште умираат. Оваа година бројот на починати е дупли во однос на бројот на жртви од минатата година“, истакнал тој.

Потоа изнел прогноза:

„Додека јас зборувам, повеќе од 100 луѓе ќе ги загубат животите поради коронавирусот. А, додека олимпискиот пламен згасне на 8 август, повеќе од 100.000 луѓе ќе настрадаат“, предупредил тој.

СЗО апелира до владите да вакцинираат 70 отсто од луѓето во секоја земја до средината на 2022 година, пренесува „Sky News“.

„Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи да го направи тоа. Во наши раце е тоа“, порача тој.

Д-р Тедрос изјавил и дека на светот му се потребни игрите кои минатата година беа одложени поради пандемијата, како прослава на надежта.

„Олимписките игри имаат моќ да го соберат светот, да покажат што е можно. Нека зраците на надежта од оваа земја ја осветлат новата зора за здрав, посигурен и почесен свет“, порачал директорот на СЗО.

Инаку, околу 34 отсто од популацијата во Јапонија примила најмалку една доза од вакцината, а некои од функционерите на владата се загрижени дека Олимписките игри би можеле да станат настан „суперпреносител“ на вирусот.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!