понеделник, 26 јули, 2021

Камчев во лоша здравствена состојба: Повторно однесен на Клиниката за кардиологија

Јордан Камчев вчера пред своите адвокати повторно се пожалил на влошена здравствена состојба.

Неговиот правен тим соопшти дека синоќа Камчев во затворот имал гу-шење, голема главоболка и се чувствувал многу лошо, но во КПУ затворот во Скопје во моментот немало дежурен лекар за да го

прегледа и интервенира. Поради сериозноста на состојбата викната била брза помош, констатиран бил зголемен кр-вен притисок и на Камчев му била дадена соодветна, моментална терапија.

Сепак, утрото Камчев повторно бил во лоша здравствена состојба и со возило на брзата помош бил пренесен на Клиниката за кардиологија во Скопје. По реакција на лекарскиот тим и по стабилизирање на состојбата на Камчев тој е вратен во затворот каде што ја издржува мерката притвор.

„Неколкупати како одбрана реагираме на сериозно влошената здравствена состојба на г. Јордан Камчев, којашто очигледно продолжува да се влошува поради непостоење на соодветни медицински и санитарни услови за третирање на неговата здравствена проблематика. Со фамилијарен историјат на

кардиоваскуларни бол-ести, г. Камчев од својата 15. година прима соодветна терапија за оваа здравствена состојба, а пред само десетина дена поради влошување на состојбата тој пет дена беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје“, велат неговите адвокати.

Тие нагласуваат дека сериозноста на здравствената состојба и ризикот кој постои по неговото здравје поради неможноста истата да биде соодветно третирана во затворот е докажана и од четири различни, релевантни медицински институции и со сета останата документација е уредно доставена до Судот.

Извор: centar.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!