понеделник, 26 јули, 2021

ВНИМАВАЈТЕ: Неколку граѓани пријавиле дека се ИЗМАМЕНИ од ПРОДАВАЧИ НА ДРВА: Платиле, а од дрвата НИ ТРАГА, НИ ГЛАС

Се апелира до граѓаните да внимаваат, откако во полициските станици пристигнале неколку пријави од граѓани кои биле измамени од продавачи на дрва.

Тие ги дале парите на рака, за што немаат никаков доказ, а огревните дрва не ги добиле.

Педесет и петгодишна кумановка вчера била измамена откако лице и нудело огревни дрва за продавање, а таа ги платила 250 евра, при што тој си заминал, а од дрвата ни трага ни глас.

Според пријавата, околу 09.00 часот лицето дошло во нејзиниот двор и ѝ понудило огревни дрва.

Како што е пријавено, откако се договориле и му дала 250 евра, лицето заминало, по што сфатила дека била измамена.

На 19 и 20.07.2021 ЕВР Аеродром и Драчево расчисти повеќе кривични дела – пет измами во врска со дрва и една кражба.

Исто така на 19.07.2021 во 16.00 часот, поради сомнение дека ги сторил измамите, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Д.(45) од с.Вражле, општина Зелениково, а на 20.07.2021 во полициска станица било извршено препознавање од оштетените, кои потврдиле дека тој е сторителот. Н.Д. ги сторил делата во текот на 2021 година на тој начин што одел кај оштетените и им нудел огревни дрва за ниска сума, а откако ќе ги земел парите заминувал и не им ги доставувал договорените дрва. 

Н.Д.  извршил и кривично дело кражба на 08.06.2021 во хотел, при што оштетена била Б.В. од Скопје.

Врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот каде престојувал Н.Д., а украденото е пронајдено и вратено на оштетената.

По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а од страна на судија на претходна постапка, му е одредена мерка притвор.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!