понеделник, 26 јули, 2021

ДРАМА ВО СРБИЈА: „ИСУС ВОСКРЕСНА“ – Го закопаа, ама се појави жив

56-годишниот Саша Станков од Сремски Карловци бил жив додека семејството и пријателите биле на неговиот погреб.

Звучи чудно и нереално, но ова навистина се случило.

Ковчег на гробиштата, покрај него крст со неговото име и презиме, година на неговото раѓање и година на неговата смрт.

Погребот бил на 16-ти јули. Два дена подоцна, се дознало дека Саша Станков е жив. Во неговиот гроб всушност бил закопан негов сограѓанин, со исто име, кого пријателите го викале Исус бидејќи имал долга брада.

-Кога телефонски ја контактиравме компанијата, беше речено дека три лица имаат пристап до е-поштата и дека никој од нив во моментот не бил таму. Сепак, целата приказна беше потврдена во семејството на човек кој дури и не починал, а бил погребан, пишуваат српските медиуми.

Како што членови на семејството изјавиле за српските медиуми, на 15-ти јули, биле известени дека починал нивниот роднина Саша Станков. Тие се обиделе да добијат официјална потврда од полицијата. Сепак, никој од надлежните не ги известил, но од полицијата добиле усна потврда дека станува збор за членот на нивното семејство.

Телото на починатиот е пронајдено во куќа, пренесенон е во ЈКП „Лисје“, а наредниот ден е пренесено на гробиштата во Сремски Карловци. Во капелата имало лимен ковчег и семејството вели дека не можеле да го утврдат идентитетот на починатиот, како што не можеле да го сторат тоа и претходниот ден, бидејќи никој не ги повикал за да утврдат кој починал.

Починатиот беше погребан во петокот како Саша Станков, на гробот на семејството, кое плати за погребот.

Нов живот

Сепак, во саботата, пријател на „починатиот“, на семејството Станков им рекол дека Саша е виден во центарот на Нови Сад и дека е жив. Според неофицијални информации, тогаш семејството и полицијата тргнале во потрага и го пронашле Саша Станков.

Живеел во Нови Сад повеќе од една година, семејството не било во близок контакт со него, а тој немал ниту телефон за повик. Кога бил пронајден, тој бил однесен во Полицискиот оддел во Нови Сад, каде му биле земени отпечатоци од прсти и каде бил фотографиран. После тоа, тој се врати во Нови Сад и продолжи со својот живот.

Ковчегот ископан среде ноќ

Ноќта помеѓу саботата и неделата, велат локалните жители, е направена ексхумација на гробиштата, а земен е крстот на кој пишувало име на жив човек.

Не е познато кој ја извршил споменатата ексхумација и дали имало налог на обвинителството за истото, но, неофицијално, во еден момент, полицијата била на местото на гробот за време на ископувањето.

Семејството сè уште не добило никаква официјална потврда за тоа што се случило или како настанала конфузијата.

Локалните жители наведуваат дека човекот кој навистина починал и Станков наликувале многу, така што ова веројатно најмногу придонело за конфузијата при идентификацијата на починатиот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!