понеделник, 26 јули, 2021

Сорос и Бил Гејтс ќе ја ПРЕВЗЕМАТ ФИРМАТА за брзи ковид-тестови

Конзорциум на инвеститори, предводен од Фондот за економски развој на Џорџ Сорос (СЕДФ) и Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, ќе финансира купување на британската компанија за дијагностичка технологија „Мологик“.

Станува збор за компанијата која разви брз, десетминутен тест за откривање на коронавирусот, објави „Фајненшл тајмс“.

Трансакцијата ќе вклучува купување на сите постојни акции на „Мологик“.

„Мологик“ неодамна доби милион фунти од британските власти за развој на тестови за Ковид-19, но подоцна ја обвини владата дека ја „цементира“ употребата на тие тестови во матичната земја.

Генералниот директор на „Мологик“, Марк Дејвис го поздрави договорот за аквизиција, истакнувајќи дека тоа значи трансформација на неговата компанија во социјално претпријатие.

Извор: centar.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!