понеделник, 26 јули, 2021

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД НАСА: Месечината ќе предизвикува поплави во 2030-тите

Според НАСА, крајбрежните подрачја во Америка за една деценија ќе доживеат „драматичен“ пораст на висока плима и поплавување поради месечевиот циклус, пренесува „CNN“.

Брзиот пораст треба да започне во средината на 2030-тите, кога месечевиот циклус ќе го засили покачувањето на нивото на морето предизвикано од климатските промени, открило ново истражување предводено од членовите на научниот тим за „Промена на нивото на

морето на НАСА“ од „Универзитетот на Хаваи“. Само крајните северни крајбрежја, како што се оние на Алјаска, треба да имаат најмалку уште една деценија „одмор“, бидејќи долгорочните геолошки процеси доведуваат до покачување на овие копнени области.

Истражувањето, објавено во списанието „Nature Climate Change“, е прво што ги зема предвид сите познати океански и астрономски причини за поплави, се вели во соопштението на агенцијата. Поплавите од висока плима вклучуваат помалку вода отколку бури од ураган, но водечкиот автор на студијата предупредува дека тоа не

значи дека тие се помалку значаен проблем. „Акумулираниот ефект со тек на времето ќе има силно влијание“, рекол Фил Томпсон, доцент на одделот за океанографија.

„Национална океанска и атмосферска управа“ пријавила над 600 поплави од плимата и осеката во 2019 година. Ова ново истражување предвидува дека овие поплави ќе се појавуваат во кластери со траење од еден месец или подолго во 2030-тите, во зависност од положбите на Месечината, Земјата и Сонцето. Некои градови може се поплавуваат секој ден или на два дена.

Причината за овој очекуван бран е поврзана со 18,6-годишниот циклус на Месечината. Во моментов, циклусот е во половината што ги засилува плимите и осеките – што значи дека високата плима станува повисока и ниската осеката станува се пониска.

Извор: press24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!