понеделник, 26 јули, 2021

ГРОМ УДРИЛ НА ПЛАЖА ВО ОХРИД: 13 лица побарале лекарска помош, дел од нив имаат изгореници

Гром удри во близина на плажата во Градиште, 13 лица побарале лекарска помош

Гром удрил во близина на плажата Оревче во Градиште, денеска околу 15 часот, при што има повредени, а повеќе граѓани претрпеле шок.

Како што информира СВР Охрид, на последици се пожалиле 13 лица. Четворица се здобиле со изгореници на долните и горни екстремитети, а останатите се пожалиле на претрпен шок, страв, тахикардија и проблеми со слухот.

Дел од повредените биле пренесени во болница со возила на брза помош, а дел се јавиле на лекар самостоjно. Повредените се од различни градови од земјава.

Во Охридскиот регион и денеска имаше краткотрајно невреме проследено со врнежи од дожд, град, ветар и електрични празнења.

Извор: zoom.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!