понеделник, 26 јули, 2021

Тешка сообраќајка: Пет лица повредени, меѓу кои и 2 малолетници

Пет лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Скопје.

„На 17.07.2021 во 15:45 часот на ул.„8“ во село Долно Соње, скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила „фолксваген голф“, и двете со скопски регистарски ознаки, едното управувано од Ќ.Б.(53) од с.Св.Петка, скопско, а другото управувано од

С.А.(21) од село Чифлик. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со повреди се здобиле сопатничките А.Б.(22) и уште едно малолетно лице, сите од село Св.Петка, како и возачите на двете возила Ќ.Б. и С.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје“, информира МВР.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!