понеделник, 26 јули, 2021

СДСМ: Дополнителни 1.100 СТЕЧАЈЦИ ќе добиваат месечен финансиски НАДОМЕСТОК

Владата ги усвои измените на законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Со тоа, 1.100 стечајци ќе се стекнат со право да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34 отсто од просечната месечна нето плата исплатена по работник во претходната година.

„СДСМ во неколку наврати, од 2017 година, обезбеди финансиски месечен надоместок на невработените лица чиј работен однос престанал поради стечај, ликвидација и технолошки вишок, односно на стечајците. “

„Бројот на лицата, со новите измени, кои ќе добијат материјален надоместок до вработување или до пензионирање ќе се зголеми на речиси 13.000. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која ги злоупотребуваше и игнорираше проблемите на стечајците, Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани“, велат од СДСМ.

Како што додаваат, со тоа исправена е неправда нанесена кон граѓаните, кои не по своја вина останале без работа и без месечен надоместок.

Извор: info.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!