понеделник, 26 јули, 2021

Фросина Ременски ОТКРИ чудни РАБОТИ за МИЈАЛКОВ и КАМЧЕВ поврзани со Русковска: ШТО значи тоа?

Професорката Фросина Ременски на својот Фејсбук профил објави статус во кој прашува: „Дали Русковска имала комнуникации со Јовановски и од каква природа биле тие?$, oткако на вчерашното судење за „Меѓународен сојуз“, обвинетиот Бојан Јовановски побара изземање на обвинителката Вилма Русковска, тврдејќи дека таа редовно комуницирала со него.

Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:

„ДАЛИ ВИЛМА РУСКОВСКА ИМАЛА КОМУНИКАЦИИ СО БОЈАН ЈОВАНОВСКИ И ОД КАКВА ПРИРОДА БИЛЕ ТИЕ?

Ова е едноставното прашање на кое од денес Вилма Русковска треба да одговори без филозофирање и без дефокуси – само со „+“ или со „-“.

Каков и да е одговорот Вилма Русковска има проблем!

Во што е проблемот?

Од она што можевме денес да го слушнеме сите во судница, а за што беа изнесени материјални докази кои ги обезбедила самата ЈО Русковска во 2019 година, а пред еден месец Судот му ги даде на располагање на Јовановски, станува јасно дека Русковска ГИ ИМАЛА НА УВИД своите комуникации и комуникациите на СИТЕ ДРУГИ ЛИЦА со Јовановски!

Тоа значи дека таа била должна од морални и етички причини самата да се изземе од лично инволвирање во истрагата и од амнестирање на многу одговорни ликови!!

Ако Русковска ја ослободела истрагата од пристрасност, непрофесионалност и ако дозволила професионално постапување на друг јавен обвинител во истрагите тој обвинител ќе можел да го цени и нејзиното поведение и природата на нејзините комуникации, слики и дружби со Јовановски!Дотолку повеќе што, за слична блискост и комуникација со Бојан, специјалната обвинителка Катица Јанева беше пропагандно распната и предвреме осудена без приказ на вакви експлицитни комуникации како со Русковска во случајот.Денес слушнавме и за тој анимозитет и „колегијална“ квалификација – „свиња“ што ја добила од нејзината колешка која ја обвини – ЈО Русковска!

Во изнесеното денес во судница:

„информирање за случаи во предистраги“,
„информации за апсења и притвори“,
„барања за нејзина медиумска промоција“,
„број на чевли и порачки од Милано за шешири или штикли“,

„озборување на колеги обвинители и делење епитети“,
„озборување на новинари и делење епитети – шпиони и дувнати зинати за хонораари и сл.“,
„уригенции за блиско лице за работа во СЈО“ и многу други работи,
ЈАСНО КАКО ДЕН, по којзнае кој пат се гледа „етичкиот габарит“ на Русковска?

Не само што постојат сериозни основи за нејзино изземање од овој предмет и вршење на притисок кон Судот и во јавноста, туку има основи за нејзино разрешување!

Законот за јавното обвинителство во член 70 став 1 е јасен и вели дека „јавен обвинител може да биде разрешен доколку во јавнообвинителското постапување стори кривично дело“, односно доколку ги пречекори своите службени овластувања!

И видете го апсурдот …, кога Јовановски зборуваше за овие работи на рочиштата кога не му го дава материјалот од телефонот, тогаш Русковска велеше, „нема докази, секој може се да каже“.

Нешто слично кога ја прашуваа Шеќеринска дали имала средби со озлогласените Јанева и Јовановски.

Денес кога „докази се изнесуваат“ и снимки од средба за „дискусија за Законот за ОЈО“(!?) излегоа пред една година, Русковска вели „нека му ги дадат на Јовевски“, а во меѓу редови читам дека, ЕДИНСТВЕНО тој е уште сијамски врзан за неа.

Чудно, Мијалков, Камчев и веруваат само на Вилма, а Вилма му верува само на Јовевски!?

Зошто се приклучив кон ова трето барање за изземање на Русковска од овој предмет?

Независно од денес изнесеното на Суд со многу материјални докази од Септември минатата година до 17 Јуни оваа година (дел изведени како мои докази на Суд), до Советот на јавни обвинители на РСМ, до Државниот Јавен обвинител Љубомир Јовевски и до Вишото јавно обвинителство поднесов претставки со пропратна документација и прилог кривична пријава со докази против Русковска?

До денес без одговори

ОЈО Скопје по пријавата против Русковска и припадници на МВР води предмет КО бр.235/21. Сите докази за пречекорува на овластувањата таа ги има сторено заедно со одредени нејзини извршители-истражители во издавање и спроведување на незаконски наредби за претрес во мојот дом во „каубојски стил“ без никаков елементарен основ за издавање налог за претрес и без исполнет услов за претрес!!

Во текот на оваа постапка пред Судот беа изнесени суштински повреди во предметот сторени токму од Русковска која ги помешала лицата и улогите во оваа постапка, односно од ракав и без елементарна кривично-правна логика делела улоги на сведоци, обвинети, оштетени итн.

Сето ова се покажа од сведочењата на нивните сведоци и со постапката што ја водел ЈО Наум Пановски за истиот случај во 2017 година, а Русковска реши да постапува повторно без да каже дали постапката на нејзиниот колега е незаконска, ако таа повторно ја отвара или каде е неговата одговорност?

Во моите писмени поднесоци за изземање на ЈО Русковска (независно од ова денес), се повикувам на сите класични злоупотреби на овластувањата на Русковска која во фаза на истрага под закани за кривично гонење на негови блиски лица и позитивно мислење за мерка куќен притвор од Јовановски барал да даде „невистинит исказ против пратеничката Фросина Ременски, бидејќи немала докази за неа“ и сакала тој да зборува против мене „за да ме бетонирала“!

Овој исказ е даден на 3 судски рочишта (2 во Кривичен суд и 1 пред Апелацискиот Скопје) под заклетва и е дел од кривична пријава против Русковска за „тортура“!!

Со ова класично параполициско постапувања (ала Мијалков) на Русковска таа очигледно заборила на нејзината одговорна улога во правосудниот систем?

Додека тече судскиот процес за Меѓународен сојуз кој претрпе драстични медиумски преименувања и преквалификации што намаат врска со облигационите договори за реализација на општествено корисен проект за изградба на страски домови поддржан од владините институции и единиците на локалната самоуправа, јавноста многу малку дозна за несоборливите докази против сите тези и немањето докази на ЈО во овој случај.

Сите што биле присутни на рочиштата до сега гледаат дека, докази нема и дека се’ што не оди во прилог на ЈО Судот (особено во присуство на медиумите) се обидува да го угуши како информација за медиумите!

Денес, ќе беше добро и за Судот да дозволи дословно да бидат прочитани, а не интерпретирани комуникациите помеѓу Јовановски и Русковска за да се види дека, Русковска не само што имала непрофесионален однос во работаата што ја работи по други предмети, туку тие се на линија на кривична одговорност. Можеби ова е причината зошто од сите досега одржани рочишта Русковска во судница се појави само еднаш!

На крајот на оваа обвинителска сага која ќе се развива и ќе се развива …, очекувам ЈО Јовевски да не биде гума за спасување на Русковака на која таа суптилно се повикува, а некои добри аналитичари тоа го оценуваат како изјава од позиција на „политичка поддршка на Русковска“!

Чудно …, Мијалков и Камчев и веруваат само на Вилма, а Вилма му верува само на Јовевски!?

Очекувам Јовевски на крајот на неговиот мандат, наместо сам да се нуди за унапредување во уставен судија, да постапи професионално и да покаже дека, сите се еднакви пред Уставот и законите, па дури и обвинителите на кои им е претпоставен!! Нека го повика и Етичкиот совет на консулатации кога ќе ги разгледува комуникациите помеѓу Јовановски и Русковска, за да има еднаков аршин и за неа како и за онаа која Русковска ја нерекувала „свињата“ …!

Се друго е замајување на јавноста и мачкање очи за некаквo fucking независно обвинителство …“, напиша Ременски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!