понеделник, 26 јули, 2021

Емотивно ВИДЕО: Татко и син се СРЕТНАЛЕ после 24 ГОДИНИ

Кинезот Гуо Гангтанг повторно се сретна со својот син откако во изминатите 24 години на мотоцикл поминал 500.000 километри ширум земјата во обид да го пронајде,

Неговиот син бил киднапиран пред 24 години од пред смејниот дом во провинцијата Шандонг, од луѓе кои криумчареле деца. Во тоа време, тоа претставувало голем проблем во Кина, затоа што поради киднапирања исчезнувале илјадници деца.

Затоа, пак, сега, од министерството за јавна безбедност објавија дека полицијата успеала да му влезе во трагата на киднапираното дете пои извршени ДНК анализи, како и дека потоа се пронајдени и уапсени и киднаперите.

Синот на Гангтанг бил киднапиран во 1997 година, а тој го барал возејќи се на мотор во повеќе од 20 провинции ширум Кина. Цело време лепел плакати со фотографии од својот син поради што ги потрошил сите пари што ги имал, па на кај морал да проси и да спие под мостови.

Барајќи го синот, тој станал истакнат член на кинеската организација за барање на исчезнати деца и до сега помогнал во решавање на седум случаи.

Киднапирањето на синот на Гангтанг го мотивира снимањето филм во 2015 година во кој главниот лик го глуми ѕзевдата од Хонгконг, Енди Лау.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!