понеделник, 26 јули, 2021

(ВИДЕО) СКАНДАЛ ВО ГРЦИЈА: Поради дрскиот однос на ЦАРИНИЦИТЕ, „Галатасарај“ итно ја напушти Грција

Турскиот гигант Галатасарај требаше да одигра пријателски меч со Олимпијакос во овој предсезонски период, ама до м-еч не дојде, зашто истанбулскиот гигант после два часа на атинскиот аеродром си замина експресно.

Како што објавија од Галата причина за заминувањето била „дрс-коста на цариниците“ на Грција, кои не им ги признавале ПЦР-тестовите, па со тоа не им дале дозвола за влез во земјата.

„Додека темелно им прикажувавме сѐ што бараа како ПЦР-тест не постар од 72 часа, па брз-антигенски тест не постар од 48 часа, па документи за вакцинација и кога дел од нашите луѓе поминаа, еден од грчките лица ни кажа дека не ги прифаќаат ПЦР-тестовите и дека мора повторно да се тестираме, иако постои протокол меѓу Турција и Грција за ваквите тестови“, објавија од Галата.

После два часа натегање и чекање, на крајот клубот решил да си се врати во Истанбул.

„Грчките власти не дозволја Галатасарај да влезе, па нѐ третираа како ‘стока’, заклучени во салон. Не ни дадоа ни вода“, рекол портпаролот на Галата, Дениз Ѓулен.

Жестока реакција дошла и од министерот за спорт на Турција, Муарем Касапоглу.

„Разговарав со претседателот Бурак Елмас и со тренерот Фатих Терим и им кажав дека ја имаат потполната поддршка. Го осудувам овој груб чин со кој се соочи Галатасарај“, рекол Касапоглу.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!