понеделник, 26 јули, 2021

(ВИДЕО) Уживајте во новото ремек-дело на Тринити Стрингс

Тринити Стрингс е гудачко трио оосновано од членови на Македонската Опера и Балет:

Ирена Стојановска виолина

Александра Мирсинова виолина

Марта Куч-виолончело

Во текот на нивното постоење соработувале со пеачи и музичари од македонската , но и од странската музичка сцена.

Дел од нив се :Ареа,Тони Зен , Александар Ристовски-принц , Ламбе Алабаковски ,Слаткар, Викторија Лоба, Weather Girls, Ian Anderson , Јелена Томашевиќ итн.

Во текот на годините настапуваат на Скопскиот фестивал, Макфест, многу самити, верски конгреси, концертни настапи , за општина Аеродром-настан кој се одржа на кровот на кулите на Cevahir SKY CITY именуван ROOFTOP Live music. , потоа редовни настапи во претседателската резиденција, и најголемиот политички настан во државата на 1-2 јули Prespa Forum Dialogue во Охрид итн.

Во 2019 настапивме за Италијанската лабораторија Sannio Tech во Беневенто кои што беа во првите редови во борбата против ковид 19 , а потоа во Рим и Наполи. Следен беше настапот за дочекот на новата година 2020 Луксембург по покана на познатиот инвеститор Марк Хобшаит.

Досега имаат издадено три сингла од кои последниот , за песната “ДА ИЛИ НЕ” музиката и текстот ја напишаа тие , а аранжманот е на Иван Јованов-Iwayo и се снимаше во Хераклеа во Битола, благодарение на “НУ Завод и Музеј Битола “ со цел да се негуваат убавините на нашата држава .

Во врска со снимањето на видео записот, Ирена раскажува:

Во триото секогаш има добра атмосфера.. Марта е секогаш таа што кажува смешки и најчесто, шегите се на сметка на Ирена . Инаку ние сме сме сестри, додека Александра знае одлично да координира и во тензични моменти. Многу од работите ги завршуваме сами, од креирање музика до смислување на модели за фустани , организациски работи, возење, одење на состаноци.
Сфативме дека само ние можеме да ги направиме работите како што посакуваме.

За среќа имаме најава за влегување во една нова продукција со која што ќе ни се олесни работата. Тоа е продукцијата “ONE WAY “ за која што ќе се слушне многу набрзо.
Песната “ДА ИЛИ НЕ “ е започната пред една година , музиката и текстот и аранжманот и темата на гудачите се на Trinity, додека генералниот аранжман и продукцијата ја направи Иван Јованов – Iwayo.

Инаку често одиме заедно на службени патувања и одењето на снимање во Битола ни беше забавно како и секогаш.

Снимавме со Горан Симјановски, видео продуцент и режисер , многу искусен во однос на работата, но и во комуникација- сепак излезе на крај со три жени. Пепи беше исто така со нас, од таканаречените “дронџии” и тој ни помогна многу во целиот процес на снимање и решавање на сите пропратни проблематики, како кршењето на виолината на Александра за време на снимањето на видео записот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!