понеделник, 26 јули, 2021

Српскиот тенисер неуморен: Ѓоковиќ продолжува да соборува рекорди на Вимблдон

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди осминафинале на Вимблдон откако за два часа и 19 минути го победи Денис Кудла (6:4, 6:3, 7:6).

Новак се помачи само во последниот сет кој го доби во тајбрејк со 9:7. Во преостанатите два немаше многу проблеми. Во првиот направи брејк во десетиот гем за да освои сетот, откако поведе со 5:4, Кудла го изгуби својот сервис.

Во вториот направи два брејка, но изгуби еден на свој сервис, до крајот успера да го исконтролира мечот.

Новак Ѓоковиќ од недела во недела продолжува да ги руши рекордите, а овој пат по дуелот со Денис Кудла собори уште еден рекорд.
Српскиот тенисер со победата над Американецот Кудла со 3:0 во сетови, стана првот тенисер во историјата кој има по најмалку 75 победи на секој од четирите грен слем турнири.

Ѓоковиќ досега на Вимблдон има скор од 75 победи и 10 порази, на Ролан Гарос има скор од 81:15, на УС Опен има 75 победи и 12 порази додека на Австралија опен скорот му е 82 победи и само осум порази.

Најблиску до вакво постигнување е Рожер Федерер кој на три грен слем турнири (Австралија Опен, Вимблдон и УС Опен) но на Ролан Гарос остана на бројката од 73 победи.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!