понеделник, 26 јули, 2021

Заев: Правиме голем чекор, Македонија ќе произведува ретровизори за Дачиа – ќе се вработат над 1.200 работници

Канадската компанија Магна која се занимава со производство на автомобилски ретровизори отвора фабрика во индустриската зона во Струга.

Фабриката треба да почне со работа кон крајот на годинава а во компанијата веќе се вработени 40 лица, но согласно бизнис планот се планира да се отворат над илјада и 200 работни места.

Премиерот Зоран Заев изјави дека инвестицијата на Магна во Струга е потврда за добрите економски политики на Владата, а самата инвестиција ќе придонесе за соработка со домашните компании.

„Магна интернешнел произведува ретровизори и други технолошки производи за потребите на автомобилската индустрија поточно за Џенерал Моторс, Форд, БМВ, Тојота, Фолксваген, Хонда и многу други познати брендови. Производството на првите производи од Северна Македонија ретровизори за Дачија Дастер е планирана кон крајот на

2021 година. Инвестицискиот циклус на Магна започна во март 2021 и ќе трае до 2026 година а објектот кој ќе се гради ќе биде со големина од околу 17 илјади метри квадратни. Придобивките од оваа инвестиција се бројни а едно од нив е интензивирање на соработката со домашните компании“, истакна Зоран Заев.

Извор: ТВ21

Коментари

коментари

error: Content is protected !!