среда, 22 септември, 2021

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА: Седуммина починати и 11 исчезнати откако траект се преврте во близина на Бали

Најмалку седум лица загинале, а по 11 се трага по превртувањето на траект во близина на островот Бали, соопштија тамошните власти.

Траектот КМ Јунис се превртел поради силните струи. Пловел од пристаништето Кетапанг на островот Јава и се приближувал до пристаништето Гилиманук, изјави Геде Дармада, шеф на Агенцијата за пребарување и спасување на Бали.

Спасени се најмалку 39 лица, рече Дармада.

„Сега нашиот фокус е на пронаоѓање на исчезнатите“, додаде тој.

За сите патници се верува дека се државјани на Индонезија.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!