среда, 1 декември, 2021

Сообраќајка во Скопје, повредени двајца возачи и двајца пешаци

Четири лица се повредени во тешка сообраќајка што вчера се случила во Скопје. Според МВР со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци и двајца возачи на автомобилите кои учествувале во сообраќајката. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се утврдуваат причините за сообраќајката.

Во МВР сообраќајката била пријавена околу 22,15 часот. Според пријавата на крстосница на булеварот „Никола Карев” и улицата „Прохор Пчински” се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило гранд чироки со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Ц.(33), патничко моторно возило шкода со скопски регистарски ознаки управувано од С.М.(46) и двајца пешаци Ќ.А.(44) и малолетничка, сите од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св.Наум Охридски”.

Извор: мкд.мк

Коментари

коментари

error: Content is protected !!