Со преставникот на Македонија на годинешниот Евросонг, Васил Гарванлиев беше отворена музичката програма на годинешната парада на гордоста откако претходно еден час поддржувачите на ЛГБТИ заедницата и на трансродовите луѓе маршираа низ улиците во Скопје.




Меѓу првите се обрати и мајка на девојка која им порача на сите родители да си ги прифатат децата такви какви што се, никако да не се откажуваат од нив и да разговараат со нив.




“Вон ѕидовите” е мотото на годинешната парада која се одржува по втор пат во земјава и која ги обединува различностите.




Нивната порака е дека повеќе не треба да се сокриваат, бидејќи треба да имаат право на учество во сите сфери на живеењето, слобода и исти права.




Но излегоа и со барања за носење на законот за правно признавање на родот. Со него велат ќе се направи суштинска промена во докажувањето дека не се граѓани од втор ред.
Целта е да се афирмира борбата за видливост и да се освои јавниот простор.




На парадата присуствуваше и претседателот на државата Стево Пендаровски со сопругата како и министри од владата и претаници.




Контра парада пак е најавена за вечерва во Bитола и е организиранa од неподдржувачи на ЛГБТИ заедницата.