среда, 22 септември, 2021

Пандев по враќањето во Скопје ОТКРИ дали ќе ја ПРОДОЛЖИ КАРИЕРАТА КАКО ТРЕНЕР

По деби настапот на ЕУРО 2020 македонските фудбалери се вратија дома. Денеска на скопскиот аеродром добија пречек од група на навивачи кои чекаа да се фотографираат и да земат автограм од фудбалерите, како и од директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

Во фокусот беше Горан Пандев.

-Жал ми е што не освоивме барем еден бод. Бевме многу блиску но и далеку. Ови натпревари се тешки за играње. Имаше многу емоции, луѓето живееа со нас, жал ми е но се надевам дека оваа генерација ќе успее да постигне уште многу повеќе.

-За иднината, немам желба да бидам тренер, можеби ќе станам спортски директор или ќе почнам да работам со моите менаџери. Се уште немам донесено одлука, – изјави Пандев.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!