среда, 1 декември, 2021

Сојузот на средношколци: Дали ИНСПЕКТОРИТЕ ги ПРОВЕРИЛЕ УЧИЛИШТАТА за сведителствата

Сојузот на средношколци прашува дали просветниот инспекторат ги провериле училиштата кои наплатувале сведителства?!

Сојузот на средношколци бара од просветниот инспекторат да објави што пронашле инспекторите во училиштата кои според сојузот барале пари учениците за свидителства.

-Некои училишта прават бизнис од јавното образование кое според законот е бесплатно. Бараме ДПИ јавно да ги објави извештатите за направените инспекции во четирите училишта. Ги поздравивме инпекциите, но, не интересира методологијата на извештаите односно како дошле до овие заклучоци. ДПИ го контактиравме на 14 јуни, а се уште немаме одговор. Затоа сметаме дека извештатите по ова прашање треба да бидат јавни.-Денеска сакаме директно да им се обратиме на четирите училишта.

-Ние знаеме кои сте, вие самите знаете кои сте. Вратете ги парите кај учениците зошто само така може да го решите овој проблем. Срамно е да се наплаќаат сведителства кога било, но, особено во училишна година целосно одржана преку неквалитетна онлајн настава со професори кои беа слабо обучени или воопшто не беа.Откако им беше одземено задоволството на социјализацијата, сега им се одзема и задоволството да се гордеат со своите успеси преточени во сведителства.

-БРО од необјасниви причини годинава не го обезбеди сведителствата за сите средношколци на ниво на државата.рече новиот лидер на средношколскиот сојуз Лука Павиќевиќ на денешната прес-конференција што се одржа пред Министерството за образование и наука.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!