понеделник, 18 октомври, 2021

ДРАМА ВО БОГДАНЦИ: Со моторна пила им влегол на сопружниците на спиење, тоа што настанало потоа е вистински пекол

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од село Прждево, општина Демир Капија, кое е осомничено за кривично дело – Изнуда согласно член 258 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

На 10 јуни, во раните утрински часови, осомничениот влегол во семејна куќа во Богданци, носејќи со себе опасно ору-дие – сор со сеч-иво од 50 см, кој се употребува за рачно сечење гранки.

Во дневната соба спиеле сопственикот на куќата и неговата сопруга. Штом се разбудиле осомничениот им се зака-нил со оружјето, барајќи од оштетениот 75.000 денари за кои сметал дека му ги должи како надомест за одгледување на козите во сопственост на оштетениот.

Со сериозна зак-ана со употреба на опасно орудие, осомничениот имал намера да прибави за себе противправна имотна корист, а се обидел да го при-сили оштетениот да му ги даде парите.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Извор: kurir.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!