понеделник, 26 јули, 2021

Спасовски: „Сведочиме на силен локален економски раст, на силен регионален развој подеднакво во сите плански региони“

„Сработевме многу, без разлика дали се работи за враќање на правдата и слободата, за раст на платите и пензиите, за зголемување на субвенции, за инвестиции во инфраструктурата, во здравството, во образованието и детската заштита. Позитивен пресврт направивме и во општините. Сведочиме на силен локален економски раст, на силен регионален развој подеднакво во сите плански региони“ рече потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

„СДСМ постојано е со граѓаните. И овде во Гостивар но и во сите градови, во сите населени места, во сите маала, функционери на партијата се со граѓаните, разговараме го слушаме вашиот глас и презентираме се она што како власт во овие четири години го сработевме“ рече Спасовски.

Тој додаде дека СДСМ одговорно управува со парите на граѓаните и ги вложува во важни проекти кои ги подобруваат животот и носат развој и напредок.

„Овде во Гостивар над седум милиони евра инвестиравме само во инфраструктурата, во рехабилитација и изградба на регионални и експресни , на улици и мостови, а наскоро започнува и изградба на автопат Гостивар – Букојчани – Кичево“ рече Спасовски.

Тој додаде дека инвестирано е и во изградба на водоводи и канализациони системи, како и дека се инвестира во реконструкции на училишта, здравствени уставои и домови на култура, како во Гостивар, така и насекаде низ државата.

„Во 2019 опремивме детска градинка, градиме и опремуваме уште една детска градинка овде во Гостивар со капацитет од 90 деца, а обезбедивме пари од Светска Банка за да изградиме уште една градинка, се чека само одобрението за градба. Извршен е технички прием на зградата и наскоро ќе се распределат 70 социјални станови овде во Гостивар, со што на 70 семејства ќе им се реши животно прашање“ потенцираше Спасовски.

Извор: centar.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!