понеделник, 26 јули, 2021

Возач на мопед повреден во сообраќајка

Возач на мопед бил повреден синоќа во сообраќајна незгода во Неготино.

Како што потврдија за МИА од МВР, несреќата се случила во 21 часот на улицата „Партизанска”.

-Сообраќајна незгода се случила помеѓу мопед со странски регистарски ознаки, управуван од педесетгодишник од Неготино и патничко возило „опел вектра”, со велешки регистарски ознаки, управувано од 54 годишен неготинец.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата Болница Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициски станица Неготино, соопштија од МВР.

Извор: slobodenpecat.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!