понеделник, 26 јули, 2021

Шевченко ВООДУШЕВЕН од македонските „рисови“ – Еве што изјави

Украинскиот селектор Андриј Шевченко по натпреварот изјави дека Македонија покажа карактер против неговите фудбалери. Македонија денеска го доживеа и вториот пораз на Евро 2020, овој пат загуби од Украина со 2:1 но одигра одлично второ полувреме.

-Многу е емотивно да си дел од Европско првенство. Рамнотежата на екипата може да се смени во секој момент. Одигравme одлично во прво полувреме, но во вториот дел нашата грешка и подарениот пенал можеше да не чини. Тука дојде нашата нервоза. Имавме неколку шанси да стигнеме до трет гол, но не успеавме да ги искористиме шансите.

-Мора да бидеме свесни колку шанси создаваме и како игравме во нападот. Мислам дека Украина е добра офанзивна репрезентација и тоа го покажа денеска. Македонија ги искористи нашите грешки и одиграа одлично. Покажаа одличен карактер на овој натпревар – изјави Шевченко на прес-конференцијата.

Извор: slobodenpecat.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!