понеделник, 26 јули, 2021

Планетата добива ПЕТТИ ОКЕАН, исправена „географска глупост“

Земјата официјално добива и петти океан со одлука на Националното географско друштво за додавање на Јужниот океан околу Антарктикот во групата од четирите веќе познати: Атлантик, Пацифик, Индиски и Арктички океан, пишува vesnik.com.

Иако означувањето на студените води околу ледениот јужен континент како посебен океан е во научна употреба скоро сто години, досега не беше широко користено.

Сепак, на 8 јуни, на Светскиот ден на океаните, друштвото објави дека Јужниот океан отсега ќе се одбележува како петти океан на нашата планета.

„Научниците веќе долго време го признаваат Јужниот океан, но бидејќи никогаш немало меѓународен договор, ние никогаш не го признавме официјално“, изјави Алекс Тејт, член на друштвото, додавајќи дека тоа на некој начин било вид на „географска глупост“.

Признавањето ќе има најголемо влијание врз образованието, бидејќи учениците сега ќе можат да ги учат неговите специфики.

Антарктичка струја

„Национална географија“ започна да прави мапи во 1915 година, но друштвото формално призна само четири океани, кои ги дефинираат континентите што се граничат со нив.

Спротивно на тоа, Јужниот океан не е дефиниран од континентите што го опкружуваат, туку од Антарктичката циркумполарна струја (АСК) што тече од запад кон исток. Научниците сметаат дека AЦC е формирана пред 34 милиони години кога континентот Антарктик се одделил од Јужна Америка, овозможувајќи непречен проток на вода околу „дното“ на светот.

Денес тече низ сите води околу Антарктикот на околу 60 степени јужно, освен Дрејковиот премин и Шкотското Море, кои се наоѓаат приближно помеѓу јужноамериканскиот Кејп Хорн и Антарктичкиот полуостров.

Водите на АЦС, а со тоа и на поголемиот дел од Јужниот океан, се постудени и нешто помалку солени од океанските води на север.

АЦС црпи вода од Атлантикот, Пацификот и Индискиот океан за да помогне во движењето на глобалниот „транспортен појас“ што ја пренесува топлината околу планетата, додека студената густа вода на АЦС тоне и помага во складирање на јаглерод во длабокиот океан. Илјадници морски видови живеат само во рамките на AЦС, според Национална географија.

Извор: vesnik.com

Коментари

коментари

error: Content is protected !!