понеделник, 26 јули, 2021

На Ериксен поткожно ќе му биде вграден срцев дефибрилатор

Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен, кој поради срцев удар изминатиот викенд колабираше на теренот за време на натпреварот против Финска во рамки на ЕУРО 2020, се согласил со лекарското мислење да му биде вграден под кожата кардиовертер дефибрилатор што ќе помага во работата на неговото срце.

-По различни испитувања на кои Кристијан беше подложен, одлучено е дека тој би требало да носи вграден дефибрилатор, соопшти денеска Данската фудбалска федерација.

„Овој уред е потребен по доживеан срцев удар, предизвикан од пертурбации на срцевиот ритам“, изјави лекарот на данската фудбалска репрезентација Мортен Боесен.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!