понеделник, 26 јули, 2021

Сакаше да глуми „фраер“, сега ќе „плаче“: Арнаутовиќ си ДОБИ КАЗНА од УЕФА

Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ денес беше казнет од страна на УЕФА поради навредите кои ги упати кон нашиот репрезентативец, Езѓан Алиоски.

Арнаутовиќ со навредливи зборови на националистичка основа се обрати кон Езџан Алиоски на мечот од првото коло на ЕУРО.

По постигнат гол, Арнаутовиќ славеше бурно и кажа недолични зборови кон Езџан Алиоски. УЕФА ја разгледа снимката по пријава на ФФМ, па му изрече суспензија на напаѓачот од еден натпревар.

ФФМ го пријави случајот, а УЕФА денес и официјално ја објави казната за напаѓачот.

Арнаутовиќ е суспендиран за еден натпревар и нема да настапи на утрешниот дуел со Холандија.

Така, Арнаутовиќ ќе го пропушти дуелот против Холандија на ЕП 2020, а ќе може да игра во последното коло од групната фаза. Арнаутовиќ мина добро, иако казната можеше да биде уште построга.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!