понеделник, 26 јули, 2021

СКАНДАЛОЗНО: Завршиле во ЗАТВОР бидејќи ОДБИЛЕ ДА ЧЕСТАТ БУРГЕРИ

Полицијата во Пакистан уапсила 19 вработени во ресторан за брза храна затоа што одбиле да им подготват бесплатни хамбургери.

Вработените во ланецот брза храна Johnny & South во градот Лахоре (источен Пакистан) морале да ја напуштат кујната и да поминат седум часа во затвор од сабота до недела.

„Не е прв пат“, објави ланецот на социјалните мрежи.

Сè започнало кога вработените, претежно студенти, одбиле да „подготват нарачка за многу специјален гостин“.

Кога била откриена нечесната полициска постапка на социјалните мрежи, девет полицајци биле вчера суспендирани, објави на Твитер Инам Гани, командант на локалната полиција.

„Никој не е над законот“, објавил Гани.

Пакистанската полиција е позната по злобна репутација дека е корумпирана и дека полицијата честопати бара мито.

Пакистанскиот премиер Имран Кан повика на полициска реформа во Пенџаб и ги обвини политичарите за „вработување на своите јатаци“ за да ја контролираат локалната полиција преку нив.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!