понеделник, 26 јули, 2021

Ова ќе и се ДОПАДНЕ на целата Македонска јавност: УЕФА се ОГЛАСИ за Аранутовиќ – еве ШТО ГО ОЧЕКУВА

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе ги испита тврдењата дека австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ на национална основа го навредил македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Фудбалскиот сојуз на Македонија побара од УЕФА да го казни Арнаутовиќ, кој, како што се тврди, го навредувал и пцуел репрезентативецот Езѓан Алиоски, кој има албанско потекло, по српска основа, откако постигна гол во неделата.

Таткото на Арнаутовиќ е Србин, а мајка му е Австријка.

Според дисциплинските правила на УЕФА, играчот може да добие казна од најмалку 10 натпревари за навреда врз расна и етничка основа.

„Во согласност со членот 31 (4) од дисциплинската регулатива на УЕФА, назначен е етички и дисциплински инспектор за да го испита инцидентот во кој учествуваше Марко Арнаутовиќ за време на натпреварот на Европското првенство помеѓу Австрија и Северна Македонија“, се вели во соопштението од УЕФА. Дополнителни информации ќе бидат објавени на подоцнежен датум.

Арнаутовиќ се извини и рече дека не е расист, но дека некои зборови биле изговорени поради емоционален набој.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!