понеделник, 26 јули, 2021

(ВИДЕО) Ѓоковиќ му даде рекет на момче кое „збесна“ од среќа: „Ми даваше СОВЕТИ ВО ТЕКОТ НА МЕЧОТ како да е тренер“

Новак Ѓоковиќ синоќа по втор пат го освои Ролан Гарос, а по мечот направи убав гест за едно момче кое буквално збесна од среќа.

Откако заврши мечот, Ѓоковиќ му даде рекет на едно момче кое не можеше да ја сокрие големата радост.

„Не го познавам детето, но цело време го слушав. Ми даваше поддршка кога губев со 2-0, а ми даваше и совети во текот на мечот како да е тренер. Навиваше за мене и затоа избрав на него да му го дадам рекетот“, изјави Ѓоковиќ по мечот.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Извор: nezavisen.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!