среда, 1 декември, 2021

Тешко повреден пешак откако автомобил удрил во него

Скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако автомобил удрил во него.

„На 13.06.2021 во 12:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Беласица“ во Скопје, после крстосницата со бул.„Гоце Делчев“, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(38) од Скопје, удрило во пешакот И.А.(40) од село Бајрамици, Центар Жупа.“

„Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!