понеделник, 15 август, 2022

Од полноќ поскапување на горивата – Ова се новите цени

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата, кои повторно се зголемија.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1.15%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по половина денар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 68.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 70.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за еден денар. Еден литар дизел гориво ќе чини 61.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!